Чешка го освои Дејвис купот

Тениската репрезентација на Чешка го освои Дејвис купот, откако во финалето, во Прага, забележа победа над Шпанија од 3:2.

Во одлучувачките мечеви, Чешка влезе со предност од 2:1, но Давид Ферер им го донесе вториот поен наШпанците, откако го совлада Томаш Бердих со 3:0 (6:2, 6:3, 7:5).
За титулата решеваше мечот помеѓу Радек Штепанек и Николас Алмагро, Чехот победи по речиси четири часа игра со 3:1 (6:4, 7:6, 3:6, 6:3).
Чешка ја освои првата Дејвис куп титулата како независна држава, претходно како Чехословачка триумфираше во 1980 година. Чешка е најупешна тениска нација во 2012 година, бидејќи пред три недели дамите победија во Федерејшн купот.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: