Тоалетна WC шолја со 72.000 Сваровски кристали

Доколку би посакале на себе си и својата покуќнина да и овозможите вистинската кралска удобност, па дури и во вашиот тоалет, тогаш за вас вистинката работа е Тоалетна WC шолја, производ на јапонскиот Lixil, тоалетна WC шолја која би ве чинела цели 130.000 американски долари.

Тоалетна WC шолја украсена со повеќе од 72.000 Сваровски кристали, направена само поради една причина.

Имено во Јапонија од дамнешни времиња е обичај да тие се грижат исклучиво многу за местото во која ги извршуваат своите физиолошки потреби, притоа верувајќи дека WC  просторот треба секогаш да биде чист, бидејќи тоа би им годело на божествата од тоалетите.

Сепак, и оваа WC шолја си има свои недостатоци, бидејќи секогаш постои можноста со секое пуштање на вода по неколку кристали да одат во неповрат.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: