Душко Ивановиќ повеќе не е тренер на Каха Лаборал, откако по серијата на лоши резултати раководството на клубот реши да му врачи отказ.
Каха Лаборал, во Евролигата има само една победа во петте одиграни натпревари, ’капката која ја прели чашата’ беше неделниот пораз во домашното првенство од Блу Сенс. Во домашниот шампионат Каха Лаборал веќе има три порази во одиграните осум натпревари.
Како најсериозен кандидат за наследник на Ивановиќ, шпанските медиуми го наведуваат трофејниот стратег Светислав Пешиќ.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: