Британската “заспана убавица” кој спие по 64 дена

Британката Никол Делјан (17) боледува од ретко пореметување кое се нарекува Клејн-Левинов синдром или подобро познат како “синдромот на заспаните убавици”.

Оние луѓе кои боледуваат од ова пореметување многу често спијат и по дваесет часа дневно, а кога се будат се наоѓаат во состојба  која потсетува на месечарењето.

17-годишната Никол според нејзините изјави во дадена прилика заспала, притоа преспивајќи ги новогодишните и божиќни празници, и будејќи се во средината на јануари кога и конечно ги отворила своите подароци.

Периодот на спиење во случајот на оваа девојка понекогаш трае и помеѓу 32 и 64 дена, притоа повремено будејќи се и месечарејќи до кујната се со цел да би јадела.

Ова пореметување е прилично ретко и тешко се открива, а во случајот на оваа девојка, докторите по 25 месеци усепале да ја постават вистинската дијагноза. Во процесот на поставување на дијагноза ги исклучиле сите можни опции од вируси, до епилепсија, па се до моментот дека оваа девојка сите сцени ги глуми се со цел да привлече внимание.

Иако секако дека секогаш постои лек, оваа млада девоја прима терапија која е комбинација од лекови против епилепсија и нарколепсија, кои ова пореметување го држат под контрола, пришто проблемот со спиењето го доведуваат на два пати годишно ниво.

Пронајдете не на следниве мрежи: