Киелце „ТРИУМФАЛНО“ низ Металург

Македонскиот претставник во Лигата на Шампионите, тимот на Металург беше поразен од полскиот претставник Киелце со резултат 21-23.

Тимот од Автокоманда започна одлично, првото полувреме го доби со два разлика позитива, односно 12-10, па се чинеше дека нашиот претставник ќе ја продолжи победничката серија во ова натпреварување.

Во вториот дел од натпреварот во 47-мата минута дојде до криза во играта на Металург, Киелце успеа да направи една неверојатна серија од 5-0, а за таа голема серија на гостинскиот тим се погрижи Јурецки кој постигна дури четири голови од тие пет во серијата 5-0.

Најефикасен во таборот на Металург беше Вугринец со постигнати седум голови, од страната на гостинот најефикасен беше Иван Чупиќ со постигнати осум голови на мечот а воедно и стрелец број еден на мечот.

Пронајдете не на следниве мрежи: