Алонсо: Неможев да ги пратам Хамилтон и Фетел, третото место е исто како победа

Себастијан Фетел и Фернандо Алонсо својата битка за светски првак во Формула 1 сепак ќе мораат да ја решат во Бразил, на последната трка.

Шпанецот беше задоволен по трката во САД со тоа што го освои третото место и ја задржа можноста за пресврт, а Фетел остана незадоволен.

„Надежта останува благодарение на првите кругови. Знаевме дека имаме шанси во Аустин, пробав да ги претркам во првиот свиок, а потоа да ја искористам брзината со која располагам. Неможев да ги пратам Хамилтон и Фетел, беа предалеку и морав да се држам со остатокот возачи. Затоа ова трето место за мене е рамно на победа, не се ни осудувавме да помислиме на тоа дека ќе изгубиме само три бода во однос на Фетел“ изјави Алонсо.

Пронајдете не на следниве мрежи: