Хороскопскиот знак, работата и омилениот бенд и музика секогаш ќе бидат дел од оние работи кои би ги поставиле како прашања, но внимавајте бидејќи истоимените прашања се толку многу старомодни, што некогаш би можеле да бидат и досадни.
Секако дека би добиле интересни одговори на поставените прашања, но за уште позанимливи одговори и забавување, во прилог прочитајте ги и останатите прашања кои би ви гарантирале интересен прв состанок.
1. Која е твојата тајна вештина? -Мажите обожуваат кога станува збор за нив, притоа говорејќи само за себе, особено кога би можеле да се пофалат за нешто конкретно. Истото важи и за девојките.
2. Најомилена играчка од детството? – Прашање на кое можеби нема да добиете веднаш одговор, но со малку наговарање, забавувањето и насмевката ви се загарантирани.
3. Кој е најдобриот подарок кој некогаш си го подарил/а? – Повторно прилика за да би се пофалил/а, но и одличен начин да процените колку многу е внимателен/а кога се работи за другите.
4. Најзасрамувачката случка од училиште? – Доколку партнерот/ката не започне веднаш, превземете ја иницијативта започнувајќи со вашата случка, притоа вашиот партнер/ка ќе ве надополни.
5. Доколку се заглави во лифт и мора да слуша само една песна, која би била таа? – Музичкиот вкус би ви открил многу за него/неа, притоа надополнувајќи се со веќе претходното прашање за омилен бенд.
6. Најлоша работа која си ја работел/а? -Занимливите приказни и случки за лошите шефови се секогаш одлична тема за разговор, особено доколку го имате и сличното искуство.
7. Да можеш да добиеш нешто за што од секогаш си сонувал/а, но за возврат на тоа никогаш не би можел/а да го кажеш тоа, дали би го сакал/а подарокот? – Некои луѓе ги сакаат работите за кои другите би им завидувале, а некои затоа што навистина ги сакаат. Одговорот на ова прашање би бил доволен за откивање на многу нешта поврзани со личноста со која сте на вашиот прв состанок.