Џенифер Лопез купи стан во Истанбул

Американската поп пејачка и глумица Џенифер Лопез во понеделникот купи стан во Истанбул во луксузен комплекс во азискиот дел на градот.

По трите концерта одржани минатата недела во Истанбул, вчера Лопез по концертот во  Софија повторно се врати  во турската метропола.
На свеченоста на доделување на клучот и тапијата од станот со поглед на Босфор и Принцовите Острови, на која присуствуваа голем број новинари и обожаватели, Лопез  изјави дека во иднина би сакала да поминува повеќе време во Истанбул и дека е возбудена при помислата дека  од својот стан ќе може да ги гледа Босфор и островите.
Станот на Лопез се наоѓа во станбено-деловниот и рекреативен центар „Метропол Истанбул“  во азискиот дел на градот кој ќе биде завршен до крајот на 2015 г. и со својата градежна површина од 700 илјади квадратни метри претставува еден од најголемите светски градежни проекти во својот ранг.
Комплексот „Метропол Истанбул“ се наоѓа во Меѓународниот Финансиски Центар на Истанбул и го сочинуваат  три повеќекатници меѓу кои „Метропол Кулата“ висока 250 метра, блок со луксузни резиденции и двокатниот трговскиот центар со трговска улица наречена „Кетвок“  во должина од 400 метри во кој годишно се очекуваат 22 милиони посетители.
Цената на станот на американската поп ѕвезда не беше соопштена, додека Лопез заработи три милиони долари од трите концертната одржани во Истанбул, на кој картите се продаваа по цена од 150 евра.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: