Десет години затвор за Санадер

Loading...

Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер во вторникот е прогласен за виновен за воено профитерство во случајот на Хипо и за земање мито во случајот Ина-Мол на единствена казна затвор од 10 години.

Санадер, по објавувањето на пресудата, со лисици на рацете е пренесен во затворот Реметинац, бидејќи казната е над пет години.
Поради земање мито од 3,6 милиони куни од австриската Хипо банка во средината на 90-тите Санадер доби три ипол годишна затворска казна, додека за земањето мито од челниците на Мол за препуштање на управувачките права во Ина доби седум ипол години затвор. На крајот е одлучено Санадер да биде осуден на единствена казна затвор од 10 години.
Покрај ова, Санадер е должен на државата да и врати незаконски заработени 41,1 милиони куни (околу5,5 милиони евра).
Санадер мирно и без коментар ја сослуша пресудата, на која има право на жалба.

Макфакс

loading...
Loading...