Кривична за мажот кој на Ноќта на вештерките на деца на полицаец им дал кокаин

Британец се соочува со кривична пријава откако по грешка, на деца на полицаец на Ноќта на вештерките место бонбончиња им дал вреќички со кокаин.

Како што јавува The Guardian, 23-годишниот Доналд Џуниор Грин заработил кривична во понеделникот откако признал дека имал дрога од А класа.
Се очекува да биде пуштен од притвор и да се брани од слобода.
„Ова беше несреќна околност“, рече Стивен Саливан, јавен бранител на Грин на суд.
„Тој е посрамен од публицитетот но не бара да го сожалуваат“.
Грин вели дека посегнал во џебот за да извади неколку бонбончиња што неговата девојка ги купила за Ноќта на вештерките. Но, место нив, тој на децата им дал кесички со кокаин што го купил порано дента.
Сепак, таткото полицаец не го забележал веднаш кокаинот во торбичките на децата.
Но, кога тој подоцна вечерта погледнал во торбичките на неговите деца на возраст од пет, шест и осум години, забележал дека има вреќички со кокаин.
Обвинителот Шон Брејди на суд рече дека Грин забележал што направил, и веднаш се растрчал по соседството да го најде кокаиниот.
„Знам точно зошто сте овде“, им рекол Грин на полицајците кога дошле на неговиот праг. „Знаев дека доаѓате“.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: