Anonymous ја ескалираат својата сајбервојна против Израел

Loading...

Хакерите од Anonymous ја продолжуваат својата кампања против Израел поради нападите на Gaza, откако денес објавија списоци од илјадници луѓе кои донирале на про-израелска организација. Anonymous објавиле документ во кој се содржани имиња, домашни адреси и e-mail адреси од личности кои го поддржале Израел во конфликтот со Палестинците. Се вели дека ова е најголемата мрежа на про-израелци во светот. Се чини дека документот е многу стар, а една од e-mail адресите припаѓа на Douglas Feith, заменик-секретарот за одбрана на George Bush, кој ја напушти таа работа во 2005 година. 

На овој список постојат и имиња на претставници на Белата Куќа, Сенатот и State Department-от, како и многу медиумски организации. 

Последната операција на Anonymous за рушење на израелски веб сајтови, наречена OpIsrael, започна минатата недела и резултираше со рушење на сајтот на Банката на Ерусалим, Министерството за Надворешни Работи на Израел, како и многу други сајтови. 

Еден Twitter профил на претставник на Anonymous утрово изјави дека хакери од Пакистан влегле во сајтовите на израелскиот Bing, MSN, Skype, Live и други. Microsoft ја потврдиле оваа вест. 

Anonymous дадоа официјална објава: “Кога израелската влада јавно се закани дека ќе стави забрана на користење на интернет и телекомуникации во и околу појасот Gaza, тие ја преминаа границата на нашето трпение. Акциите на Израел доведоа до загинување на 24 цивили во само 2 дена.”

 

Извор: cnet.com

loading...