Фудбалерот од средниот ред на Barcelona, Xavi Hernandez, одбил мега-понуда од рускиот клуб Anzhi Makhachkala.
Метрономот на Barca добил понуда да ги напушти Каталонците и да заигра во Русија за неверојатни 21 милион евра годишно.
Xavi е член на Barca од 11-годишна возраст, а во последниот период е во интензивни преговори за продолжување на својот договор до 2016 година. Преговорите започнаа во септември, а агентот на Xavi, Ivan Corretja вели дека не очекува да се појават никакви проблеми, бидејќи Xavi отсекогаш велел дека сака својата кариера да ја помине само во Barcelona.
“Секогаш лесно сме се согласувале во претходните прилики, не верувам дека ќе има било какви проблеми. За играчот е многу важно да знае дека клубот има доверба во него. Barca го сака и почитува Xavi, а Xavi го знае тоа. Тој ќе остане на Camp Nou.”
Xavi е еден од најважните фудбалери на Barcelona, тој беше неизоставен дел од секој успех на најуспешната генерација во историјата на каталонскиот клуб.
Пронајдете не на следниве мрежи: