Sony во 6 години продаде 70 милиони Play Station 3 конзоли

Sony објави вест дека во последните 6 години се продадени преку 70 милиони Play Station 3 конзоли. Исто така се продадени и 15 милиони Move Motion уреди, кои се пуштени во продажба во 2010, а овозможуваат контролирање на виртуелниот лик со движење на телото. 

Конзолата има поминато неколку фази на подобрување, а последната, најдобра верзија стигна оваа есен. 

Како што пренесува The Next Web, конзолата сеуште има голем дел од пазарот за покривање, бидејќи продажбите во Кина се сеуште на многу ниско ниво. Кинеската влада не одобрува продавање на конзоли во земјата, а Sony се бори да добие дозвола. 

Инаку, Microsoft со септември објави дека се продадени 70 милиони конзоли на Xbox, а Nintendo продаде преку 100 милиони конзоли. 

Пронајдете не на следниве мрежи: