Картикејан: Фетел пречесто се жали, почнува да ме нервира

Индискиот возач во Формула 1, Нараин Картикејан во јавноста го обвини светскиот првак Себастијан Фетел кој го означи како главен виновник за изгубената неделна трка во Аустин.

Германецот, да се потсетиме, дека утврди дека Картикејан кој заостануваше цел круг, намерно го блокирал, што му овозможи на Луис Хамилтон да му се приближи, а по два круга потоа и да го престигне.

Возачот на Мекларен победи на големата награда на САД, а Фетел заврши на втората позиција.

„Пред трката сите се состанавме со директорот на трката Чарли Витингом поради тоа што знаевме дека меѓу третиот и седмиот свиок нема простор за престигнување од страна. Да се тргневме настрана од болидите кои не престигнуваат за цел круг, ќе моравме да излеземе од трката. Витинг рече дека е во ред да помеѓу третиот и седмиот свиок не пропуштаме, така да не направив ништо погрешно“ вели Картикијан.

„И Фетел беше на состанокот, зар не слушаше? Ако слушаше, зошто тогаш се жали? Почна да го прави тоа пречесто и премногу. Полека но сигурно тоа искрено ме нервира“ беше коментарот на Картикијан.

Пронајдете не на следниве мрежи: