Фудбалската федерација на Украина (ФФУ), која од крајот на септември е без селектор, му ја понуди оваа работа на поранешниот менаџер на Тотенхем, Хари Реднап.
„Претседателството реши да започне преговори со преставниците на Реднап за неговиот евентуален ангажман на селекторската позиција“, стои во соопштението на ФФУ.
Претходно, работата ја одби Андриј Шевченко, со образложение дека е прерано да се нафати со таков предизвик.
Украина во квалификациската група за пласман на Светското првенство во Бразил, во 2014 година, се наоѓа на петтото место, со освоени скромни два бода од три одиграни натпревари.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: