Портрети на познатите направени од бонбони

Еден мексикански уметник се одлучил да ги овековечи познатите личности на доста необичен начин. Имено Кристиан Рамос за да ги направи тие специфични портрети употребил голем број на бонбони, мастики и лижавчиња. 

 

Тој направил портрети од познатите како што се Елвис Присли, Бијонсе, Мерлин Монро, Мајкл Џексон, Ники Минаж и други. За овие негови фасцинантни дела биле потребни голем број на саати кои барале огромна концентрација и трпение.

 

Тој вели дека сака да работи со различни материјали. Инспирацијата за ова дело ја добил откако видел колку децата се радуваат на слатки и колку знаат тие мали нешта да предизвикаат насмевка на нивните лица. Слатките ги прават луѓето среќни, или барем посреќни. Резултатите кои ги добил откако го создал ова дело биле многу неочекувани.

 

Со своите портрети Рамос за многу кратко време стекнал слава, а голем дел од неговите портрети се изложени во Охајо. Неговиот последен проект беше доста поамбициозен бидејќи тој успеал да изгради мотор во природна величина само од слатки бонбони.

Погледнете дел од неговите дела…

Доста иновативно нели?

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: