Документот со кој почна Граѓанската војна во САД, ставен на аукција

Историскиот указ на американскиот претседател Абрахам Линколн, потпишан на 19-ти април 1861 година, за блокада на јужните пристаништа, што го обележа почетокот на граѓанската војна, е ставен на наддавање на аукциската куќа Raab Collection.

Историски документ, кој се смета за еден од клучните во историјата на САД, е дел од приватна колекција и неговата вредност се проценува на 900 илјади американски долари.
Уставниот суд на САД во 1865 година, официјално го признал овој документ за објавување на војна, изјавија од аукциската куќа.
Граѓанската војна меѓу 20 неробовладетелски држави и Конфедерацијата (четири робовладетелски држави од Северот и 11 робовладетелски држави од Југот), заврши со пораз на „диксите“ (јужњаци) и е најголемото крвопролевање во историјата на САД. Во неа загинале 134 илјади луѓе, а повеќе од 400 илјади останале инвалиди.
Претседателот Абрахам Линколн ја потпишал наредбата за блокадата во рамките на воениот план „Анаконда“. Блокадата на пристаништа и реката Мисисипи била дизајнирана да ја поткопа економијата на јужните држави и да се спречи конфедеративците да може да купуваат оружје. Околу 250 воени бродови биле испратени од Северот за блокада на пристаништа во седум држави – Јужна Каролина, Луизијана, Џорџија, Алабама, Флорида, Мисисипи и Тексас. До крајот на војната во 1865 година, флота од 600 воени бродови го спречувала Југот да ги извезува своите производи, главно памук и тутун.
Данок на увезената стока била една од клучните причини за војната, индустрискиот Север настојувал да го зголеми што е можно повеќе, со цел да ги заштитат своите интереси, додека робовладетелскиот аграрен Југ сакал да тргува слободно со светот.
Извозот на Југот за време на војната поради воената блокада паднал за една третина од дотогашниот износ. Тоа толку ја поткопало сопствената валута на Југот – конфедералниот долар, што до крајот на војната неговата куповна моќ изнесувала само 1 отсто од вредноста на почетокот на војната.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: