Дилема: Секс или водење љубов

''Секс или водење љубов?'', постои ли разлика, се почесто се развиваат дебати на оваа тема. Кој е вашиот став и дали правите разлика? Дефинитивно треба да ја разберете суштината и разликата помеѓу сексот и водењето љубов…

 

 

Секс

Сексот претставува начин како да ги задоволите вашите потреби и нагони, особено во летниот период, кој ви прави вистинска релаксација.

Секс можете да имате со некој со кого ќе поминете само една ноќ заедно. Најчесто е мислењето дека кога сте во кревет со својот постојан партнер тоа е водење љубов, но не мора секогаш да биде така. Секс може да имате и со својот партнер.

Понекогаш едноставно не ви се потребни романтика и емоции, туку едноставен и чист физички контакт. Сексот може да ве опушти и релаксира. Најчесто луѓето велат, дека имаат пријатели за секс, со кои споделуваат блиски моменти но не сакаат да се врзуваат.

 

Водење љубов

Водењето љубов е со личност за која ве врзуваат силни чуства и емоции и со која споделувате врска во која сте вложиле многу време и енергија и посакувате да бидете постојано заедно.

Кога водите љубов станува збор за поврзување со саканата личност. Додека водите љубов не го активирате само телото, туку и срцето и мозокот, препуштајќи им се и на чуствата и мислите. Водењето љубов најчесто е побавно, сензуално и моќно.

Дефинитивно постои разлика

Разликата помеѓу водење љубов и секс е тешко да се опише, но кога ќе ја почуствувате ќе знаете. Воопшто не станува збор за тоа дали сте со својот партнер или со некого со кого немате ништо заедничко. Многу парови се во долгогодишни врски, па сепак едноставно имаат само секс и ништо повеќе од тоа. Водењето љубов ве носи на едно повисоко ниво на комуникација со партнерот.

Мора да се трудите за да ја одржите постојаноста во врската и водењето љубов.

Пронајдете не на следниве мрежи: