Поранешниот боксерски шампион Камачо тешко ранет

Поранешниот боксерски шампион, Хектор Камачо се наоѓа во критична состојба, откако бил тешко ранет во пресметка со огненострелно оружје.

Како што пренесуваат американските медиуми, Камачо, во ноќта помеѓу вторникот и средата, седел во својот автомобил, во едно од предградијата на порториканскиот главен град, Сан Хуан, кога непознатиот напаѓач започнал да пука.
Лицето кои се наоѓало со Камачо во автомобилот било убиено, додека боксерот бил погоден во вилицата, но куршумот излегол од главата и застанал во рамото. Според докторите, доколку преживее Камачо ќе остане неподвижен.
Полицијата во Сан Хуан соопшти дека сеуште никој не е уапсен.
Хектор Камачо има 50 години, а последната борба ја има во 2010 година. Во осумдесеттите и деведесеттите години од минатиот век важеше за еден од најпопуларните и најценетите боксери. Ги освојувал светските титули во суперперо, лесна и суперлесна категорија.
Најславна борба му е онаа со легендарниот Мексиканец, Хулио Сезар Чавез, од кого загубил на поени.
Камачо во текот на целата кариера имал проблеми поради алкохолот и дрогата, во 2007 година бил уапсен поради вооружен грабеж, поради што бил осуден на седумгодишна затворска казна, но подоцна пресудата му е намалена на една година условна казна.
Кариерата ја завршил со 79 победи, од кои 38 со нокаут, шест порази и три нерешени резултати.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: