5 must have црни парчиња облека

 

Иако ги обожаваме капутите во загасита боја, шарени панталончиња, и јака боја на високи потпетици, сепак некои класични црни парчиња на облека едноставно не можат да се победат кога е во прашање безвременскиот стил на облекување.  

Во овие парчиња на облека добро е да вложите повеќе отколку што би можеле бидејќи факт е дека тие ќе ви служат верно со години. Сепак добрата вест е што овие парчиња на облека можете да ги пронајдете и по ефтини цени. Важно е само добро да ги негувате и со текот на годините да изгледаат како нови и ве спасуваат во оние 'инти' случаи.

1. Добро познатиот црн корсет

Со ракави или без нив, не е важно, важно е само да ви стои добро за да можете под него без проблем да носите градник. Црното боди е спас бидејќи излгеда совршено со било која комбинација, без разлика дали ќе го носите со здолниште, па сето тоа ќе изгледа како нов коктел фустан, или пак во комбинација со панталони со висок струк, кои со занимлив накит ќе изгледа супер елегантно, додека пак ако го носите со проѕирен фустан или кошула, тоа ќе ве спаси од вистинско модно фијаско.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

2. Црно палто

Можете да го носите на се и во секоја прилика ќе изгледате совршено и префинето.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

3. Црно тесно здолниште

Секоја девојка во својот орман треба да има едно добро црно здолниште. Она што е важно е да ви стои совршено и да не е прекратка. Ние препорачуваме класично pencil здолниште до колена која можете да ја носите со било каков стил на маица или кошула, но и со разновидни корсети.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

4. Црно кратко фустанче

Little black dress веќе со години е парче од кое модните куќи никогаш не се откажуваат. Тоа е еден од оние must have парчиња. Добриот црн фустан ќе ве спаси во оние моменти кога сакате да изгледате заносно, а можете да му дадете современ изглед на фустанот со тоа што ќе го искомбинирате со убав и раскошен накит или пак колан.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

5. Опасни црни високи потпетици

Нозете на една жена изгледаат секси секогаш кога се носат опасни црни високи потпетици, па затоа ви препорачуваме никогаш да не штедите на нив. Класиката е вечна, па затоа такви затворени и лакирани салонки со тенка потпетица изгледаат секогаш префинето, а секоја жена мора да ги има во својот орман.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

6. Црно моливче за очи

Во торбичката никогаш немојте да го заборавите моливчето за очи за да можете во секој момент да се претворите од девојка во соседството во секси заводничка.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: