Општина Штип заврши со уплатата на средства по основ на обештетување од ланските поплави, за дел од оштетените субјекти, кои се добиени од Владата на Република Македонија.Конкретно, станува збор за исплата на 2.241.010 денари кои се поделени во зависност од проценката на 75 физички лица во категоријата домување. Дел од обештетувањата по основ на штети во земјоделието се исплатени пред неколку месеци а во следна фаза ќе следат обештетувања по други основи за земјоделците како и за правните лица.
За разлика од порано кога се исплаќаше само 15% од утврдената штета, сега станува збор за 100% обештетување што беше најавено од поранешниот Премиер и претставници на Владата на Р.М при ланската посета на терен во Штип кога се случија поплавите на крајот на јануари и во февруари 2015 година.
Комисии на Општина Штип излегоа на терен и ги евидентираа сите штети, при што секој од овие 75 физички лица добија 100% покривање на штетите од страна на Владата на Р.М.Конкретно, станува збор за исплата на 2.241.010 денари кои се поделени во зависност од проценката на 75 физички лица во категоријата домување. Дел