Парична казна за ФК Пелистер

Loading...

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), постапувајќи по пријава на натпреварувачката комисија, врз основа на изјавите на службените лица за Куп натпреварот помеѓу Пелистер и Вардар, го казни ФК Пелистер со парична казна од 2.500 евра.

„Ф.К.Пелистер од Битола  се казнува за прекршоци што ќе ги сторат навивачите било на свој или на туѓ терен , а заради  фрлање со тврди предмети,  шишиња и петарди во теренот при што во 80 минута од натпреварот, вториот помошен судија Симеон Грданоски бил удрен со лименка по што истиот изгубил рамнотежа и паднал“, стои во соопштението на ФФМ.
Првиот четвртфинален натпревар во фудбалскиот Куп на Македонија помеѓу ‘вечните ривали’ Пелистер и Вардар заврши со победа на гостите од 0:1, возвратниот дуел, по кој ќе биде познат полуфиналистот ќе се одигра во среда, во Скопје.

Макфакс

loading...
Loading...