Двојно поголем пренос на податоци преку мобилните

Количината податоци кои се пренесуваат преку мобилен е двојно поголема во последната година, благодарение на користењето на сервисите за видеоснимки, соопшти во среда шведската компанија Ericsson.

Количината податоци измерени во третиот квартал била двојно поголема отколку пред една година и зголемена е за 16 отсто во однос на вториот квартал.
Овој тренд и понатаму ќе расте, а количината информации кои се пренесуваат со мобилни мрежи двојно се зголемува секоја година во последните шест години.
Со мобилниот сообраќај во моментот доминираат компјутерите и таблет комјутерите, но до 2018 година нивниот удел ќе се изедначи со паметните телефони, наведува Ericsson.
Околу 40 отсто од сите телефони продадени во третиот квартал спаѓаат во класата на паметни телефони, но овие уреди ги претворија социјалните медиуми во активност со која корисниците се занимаваат по цел ден, се наведува во студијата.
„Тоа почна да врши влијание и да се меша со другите навики, како што е гледањето телевизија и останатите видео-содржини. Овие две активности сега се извршуваат паралелно или дури и се спојуваат во нов вид однесување“, додаваат од Ericsson, а пренесува AFP.
Се очекува дека до 2018 година во светот ќе има 9,3 милијарди претплатници на услуги од мобилна телефонија, додека во моментот има 6,6 милијарди.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: