Грција се откажа од европско првенство поради недостиг од пари

Поради големите финансиски проблеми Грција се откажа од настапот на претстојното Европско првенство во пливање во мали базени кои ќе се одржи во францускиот град Шартрес од 22-ри до 25-ти ноември.

Веста во средата ја потврди претседателот на пливачкиот сојуз на Грција на KOE, Димитрис Диатесопулос, додавајќи дека неговата земај првпат во 16-те години нема да настапува на ова натпреварување.
„Разочарани сме што го пропуштаме европското првенство, но едноставно немаме доволно финансиски средства. Ќе се обидеме максимално да се концентрираме на светското првенство кое треба да се одржи следниот месец во Истанбул“, додал Диатесопулос.
Грчкиот пливачки сојуз го откажа настапот во Франција две седмици откако владата ги намали средствата наменети за спортските сојузи.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: