ЛЕ: Митревски го чека Лазевски, Тричко против Бордо, Ибраими со ПАО

Loading...

Четворица од седуммината македонски интернационалци, во четврток, со своите екипи ќе настапат во фудбалската Лига Европа.

Даниел Георгиевски (Стеауа Букурешт) и Горан Пандев (Наполи), нема да бидат дел од своите екипи на дуелите со Штутгарт, односно АИК поради повреди, додека мечот на Кирјат Шмона, за која настапува Дарко Тасевски, со Атлетик Билбао е одложен поради безбедносната ситуација во Израел.

Ветеранот Игор Митрески со Нефчи ќе му биде домаќин на Партизан чии играч е Александар Лазевски.

Иван Тричковски со Бриж ќе го пречека француски Бордо, додека Агим Ибраими со Марибор, во Атина, ќе му гостува на Панатинаикос.

Во пресрет на последните две кола, познато е дека Лион, Интер, Рубин, Баер Леверкузен, Хановер и Металист веќе имаат обезбедено настап во нокаут рундата.

Најмногу неизвесност ќе има во групите А, Д, Ф, Г и Ј каде сите екипи имаат реални шанси за понатамошен пласман.

Група А:
Анжи-Удинезе
Ливерпул-Јанг Бојс
Табела: Анжи 7, Ливерпул и Јанг Бојс 6, Удинезе 4

Група Б:
Академика-Викторија Плзен
Атлетико Мадрид-Хапоел Тел Авив
Табела: Атлетико и Викторија 9, Академика 4, Хапоел 1

Група Ц:
Марсеј-Фенербахче
Борусија Менхенгладбах-АЕЛ
Табела: Фенербахче 10, Борусија и Олимпик 5, АЕЛ 1

Група Д:
Бриж,-Бордо
Њукасл-Маритимо
Табела: Њукасл 8, Бордо 7, Бриж 4, Маритимо 2

Група Е:
Молде-Копенхаген
Стеауа-Штутгарт
Табела: Стеауа 10, Штутгарт 5, Копенхаген 4, Молде 3

Груап Ф:
АИК-Наполи
ПСВ-Дњипро
Табела: Дњипро 9, Наполи 6, ПСВ и АИК 4

Група Г:
Базел-Спортинг
Видеотон-Генк
Табела: Генк 8, Видеотон 6, Базел 5, Спортинг 2

Група Х:
Нефчи-Партизан
Рубин-Интер
Табела: Интер и Рубин 10, Нефчи и Партизан 1

Група И:
Спарта Прага-Лион
Одложен мечот Кирјат Шмона-Атлетик Билбао
Табела: Лион 12, Спарта 7, Кирјат Шмона 2, Атлетик Билбао 1

Група Ј:
Лацио-Тотенхем
Панатинаикос-Марибор
Табела: Лацио 8, Тотенхем 6, Марибор 4, Панатинаикос 2

Група К:
Металист-Баер Леверкузен
Розенборг-Рапид Виена
Табела: Баер и Металист 10, Розенборг 3, Рапид 0

Група Л:
Хановер-Твенте
Хелсингборг-Леванте
Табела: Хановер 10, Леванте 7, Твенте 3, Хелсингборг 1.

loading...
Loading...