Водел порно бизнис и стриптиз клуб од затвор

Ова се вика креативност во работење од “дома”. Човек кој 18 месеци лежел во затворот Wayne County пред да му биде пресудено, користел компјутер со интернет пристап за да го води мултимилионскиот порно бизнис кој го имал на интернет, како и стриптиз клубот кој го отворил пред да биде гонет од законот.

Francis Sharrak (44) бил држен во затвор до донесувањето на неговата пресуда за избегнување на плаќање данок, која била одложена поради здравствени проблеми и разни други барања. Со оглед на тоа што тој се застапувал самиот себе, компјутерот му бил даден за да може да си ја подготви одбраната. Компјутерот му бил даден бидејќи извесен негов пријател успеал да фалсификува судски налог за вакво нешто.

“Во ретроспектива, знаеме дека не требаше да му го дадеме компјутерот.” – вели управителот на затворот, Daniel Pfannes. 

Според Free Press, извадоци од повиците и mail-овите на Sharrak покажуваат како тој се фали дека е првиот затвореник на кој му било дозволено користење на компјутер, а исто така и дека истиот го користел за управување на финансиите и програмата на неговиот стриптиз клуб. 

Sharrak се јавил на 14-годишно девојче и разговарал за дрога и сексуални искуства, иако не биле најдени никакви илегални снимки на самиот компјутер. 

Sharrak заработил неверојатни 3.7 милиони долари за време на неговиот престој во затворот, пред да биде откриена измамата која ја направил со налогот. 

Досудена му е казна од 72 месеци во затвор, а откако ќе излезе, ќе му следува надгледување и парична казна од 4.2 милиони долари. 

Пронајдете не на следниве мрежи: