BMW M8 – новиот суперавтомобил пристигнува во 2016

Сите очекуваат BMW да понуди нов суперавтомобил во блиска иднина, а последните гласини велат дека новиот модел ќе го оживее легендарното M1 име на компанијата. Гласините велат дека автомобилот ќе го носи името M8, а ќе биде откриен за јавноста во 2016 година, кога BMW ќе слави 100 години од своето постоење. 

M8 е еден од трите вакви автомобили од кои се очекува да пристигнат од германскиот пазар во наредните неколку години. На овој список се вклучени и новиот Mercedes SLS AMG, како и втората генерација на Audi R8. Се вели дека M8 ќе биде изграден од карбон-фибер и алуминиум, ќе има V8 мотор и околу 600 коњски сили. 

За производство ќе се користи новата платформа на BMW, i8, што значително ќе ги намали трошоците за да се направи овој автомобил. 

Пронајдете не на следниве мрежи: