Фантомски остров среде Пацификот

Остров на јужниот дел на Пацификот кој е видлив преку Google Earth, но и во атласите всушност не постои. Експедициите кои беа организирани со цел да се открие тоа копнено место, открија дека таму всушност не се наоѓа ништо.

 

Тој остров кој е видлив на google earth се вика Sandy Island и би требало да се наоѓа на Коралното море, помеѓу Австралија и француската територија Нова Каледонија.

 

Реномираниот атлас Times Atlas of the world, идентифицира дека тоа мора да се наоѓа некакво копно на тие координати. Поморските карти кои ги користи Souther Surveyor, кој имено е брод за научни истражувања исто така упатуваат дека треба да постои остров. 

Во мисијата за пронаоѓање на тој остров, научниците не пронајдоа апсолутно ништо. 

 

Податоците говорат дека островот би требало да се наоѓа на длабочина од 1400 метри.

 

Научниците се многу изненадени и зачудени бидејќи сите податоци говорат за постоење на островот.

 

Хидрографската служба која е задолжена за креирање на поморските карти изјави дека некои детали се застарени.

 

Дали за вас сето ова изгледа некако чудно?

Пронајдете не на следниве мрежи: