Христов замина, Влахо нов тренер на Металург

Александар Влахо ќе биде нов тренер на фудбалскиот прволигаш Металург, на функцијата тој ќе го замени Ѓорѓи Христов кој поднесе оставка.

Христов оставката ја поднесе од морални причини, по катастрофалниот пораз на домашен терен од Шкендија, во рамките на четвртфиналето во фудбалскиот Куп.
Влахо ќе ја предводи екипата до крајот на есенскиот дел од сезоната, а во работата ќе му помагаат поранешните репрезентативци Срѓан Захариевски и Александар Васовски.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: