Google против Обединетите нации

Loading...

Компанијата Google остро ја критикуваше најавената декемвриска конференција на Обединетите нации посветена на интернет правата, повикувајќи ги сите корисници на интернет да ја потпишат единствената петиција.

Унијата за меѓународна телекомуникација (ITU), агенција на Обединетите нации ќе ги собере наредниот месец претставниците на сите членки за да се воспостават нови „правила на игра“ на интернет.
Google предупредува дека тоа ќе ја загрози слободата на говорот преку интернет и ќе отвори простор за агресивна цензура.
„Некои од предлозите им овозможуваат на владите да ја зајакнат цензурата, па дури и да укинат пристап до интернет“, се наведува на сајтот на Google.
Освен бројните проблематични предлози, Google критикува и тоа што за иднината на интернетот ќе одлучуваат претставниците на владите, а не експертите или компаниите кои се вклучени во креирањето на интернет содржините.
Спорната конференција ќе се одржи во Дубаи од 3 до 14 декември, а од ITU наведуваат дека на владите на сите држави им е оставена слобода на конференцијата да повикаат и експерти од ова област, доколку сакаат.
Потребата од одредени промени во правилата на користење на интернетот и од организирање на ваква конференција се образложува со податокот што официјалниот документ, што сеуште е на сила, усвоен е од 1998 година, а од тогаш во светот на интернетот се промениле многу работи.

Макфакс

loading...
Loading...