Лоцирајте ги сите сателити во вселената со новата апликација за iPad 2

Компанијата “SES Astra” претстави апликација за iPad наречена “SES Satelites”, која овозможува едноставно пребарување и лоцирање на сателити на темел на локацијата на која се наоѓа корисникот. 

Апликацијата е достапна во “App Store” и нуди податоци за глобалната флота составена од нивните 52 сателити, а на неа се достапни податоци за повеќе од 150 подрачја покриени со нивниот сателитски сигнал, па така ако на картата го одберете Скопје, ќе ви покаже информации за најблискиот SES уред со неговата адреса, односно список на сателити кои ја покриваат оваа локација. 

Освен што на картата можеме да видиме каде се наоѓаат сите сателити, еден клик на нив ни открива и податоци за секое подрачје кое е покриено, односно некои додатни информации и технички детали за нив. “SES Satelites” доаѓа и со интересна опција на “проширена реалност” – доколку одберете “Live view” во апликацијата и го вперите таблетот во било која насока, на екранот ќе се појават сите сателити кои се наоѓаат во истата. 

Оваа апликација е достапна за сопствениците на iPad 2 или понови модели. 

Пронајдете не на следниве мрежи: