Смртоносно оружје: Девојка ми проба да ме убие со градите!

Loading...

34 годишниот Тим се најде на суд, откако тврдеше дека неговата девојка, која е година дена помлада од него сакала да го убие и тоа со нејзините гради!

 

Битен факт за овој случај е висината и тежината на парот. Имено германецот Тим е висок околу 180 сантиметри и тежок 80 килограми, а неговата подобра половина е доста пониска од него, но и за некој килограм потешка. Тим и Франческа се запознале пред година дена. Тоа била љубов на прв поглед и веднаш ја започнале својата врска. Набрзо и се вселиле заедно. Но додека на овој адвокат животот му се движел по нагорна линија, неговата девојка имала проблеми при наоѓањето работа. “Франческа почна да добива психички заболувања и пореметувања бидејќи не можеше да најде работа. Мене ми тргна многу добро, но нејзе и беше се полошо. Сепак, во креветот се беше на свое место, се до мај годинава” изјави Тим.

 

“По завршување на сексот, таа седеше врз мене. Прво и ги бакнував градите но потоа наеднаш таа ја зграпчи мојата глава и ја притисна на своите гради. Не можев да дишам и одвај успеав да се ослободам и да побегнам кај соседите. Веднаш повикав полиција.” додаде Тим. Франческа призна дека овој настан се случил но тврди дека нејзината цел не била да го убие.

 

Но Тим тврди дека има докази за нејзината намера: “Таа навистина проба да ме убие. Ми го призна тоа во еден телефонски разговор. Ја прашав зошто, зошто сакаше да ме убие а таа само ми одговори дека сакала да ми ја направи смртта што е можно поудобна”.

loading...