Отфрлена тужбата против Саркози

Поранешниот француски претседател Николас Саркози нема да биде обвинет за незаконско финансирање на неговата претседателска кампања во 2007 година, изјави неговиот адвокат.

„Обвинението е отфрлено“, истакна адвокатот Тиери Ерцог кој не сакал да ги коментира деталите од сослушувањето на поранешниот француски претседател Николас Саркози кое траеше 12 часа пред судот во Бордо, пренесува AFP.
Саркози беше испрашуван пред судот во Бордо во врска со аферата Лилиан Бетанкур, наречена така според 90-годишната милијардерка сопственичка на козметичката групација „L’Oreal“ со чии пари во износ од 150 илјади евра, значитепно повеќе од законски дозволеното за индивидуални донации, наводно се финансирала претседателската кампања на Николас Саркози во 2007 година.
Оваа одлука на судот придонесува за олеснува кај приврзаниците на поранешниот претседател од редовите на француските конзервативци кој во 57-година од животот се повлече од политиката откако на претседателските избори во мај 2012 година беше поразен од социјалистичкиот противкандидат Франсоа Оланд.

Особен ваквата одлука од Бордо е важна поради ситуацијата во партијата на Саркози, најголемата опозициска партија во Франција. Имено, во партијата Унија за народно движење (UMP) се јави раздор поради недостиг од договор за наследникот на Саркози, на функцијата лидер на партијата и најверојатен претседателски кандидат на изборите во 2017 година.
Во психодрамата во која UMP на поранешниот француски претседател Николас Саркози, ја доживува во последно време, Жан-Франсоа Копе во четвртокот го отфрли предлогот поранешниот француски премиер Ален Жипе да посредува во беспоштедната битка во војната меѓу него и Франсоа Фијон за претседателското место во партијата. „Не. Не гледам јасно што би било предмет на посредувањето”, изјави Жан-Франсоа Копе за Europe 1, пренесува AFP.
Ален Фијон кој до мај годинава беше премиер во владата на поранешниот претседател Николас Саркози, првично го призна поразот на изборите за претседател на партијата одржани во неделата, но потоа во средата ги оспори.
Гневен што победи помлади и потврдокорен кандидат кој би требало да биде и кандидат за следните француски претседателски избори во 2017 година, Фијон изјави дека „UMP не може да делува врз лаги”. Затоа ги повика на помош партиските ветерани Ален Жипе кој изјави дека ќе посредува само доколку тоа го сакаат и двете страни, пишува Reuters.
Копе не се согласува со тоа и најавува дека би можел дури и да го тужи Фијон на суд.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: