Арсенал склучи нов договор со “Fly Emirates” вреден 150 милиони фунти

Логото на “Fly Emirates” ќе се појавува на дресовите на Топџиите до крајот на сезоната 2018/2019, а извршниот директор на Арсенал, Иван Газидис беше воодушевен кога го објави ова. 

Тој рече: “Ова е возбудлив ден за Арсенал и за нашите фанови. Овој договор е доказ за добриот пристап на Арсенал кон бизнис-димензијата на фудбалот, како и за способностите кои ги развивме во изминатите неколку години и за нашето пријателство со 'Emirates'. Првиот договор со оваа компанија беше најголема олеснителна околност за нашето напуштање на Хајбери, а во оваа втора фаза од нашата врска основна цел ќе ни биде да се задржиме на врвот на Англија и на Европа. Ова е совршениот партнер за Арсенал, ние сме воодушевени од партнерството. Се работи за бренд од светска класа, а нивната понуда од преку 120 дестинации на 6 континенти кажува за глобалниот дофат на компанијата. Токму тој дофат ќе биде едно од основните средства за нашето понатамошно промовирање низ светот. Фактот што договорите ги склучуваме на долго време е доказ колку нашето пријателство е ценето од двете страни.”

“Emirates” го започнаа партнерството со Арсенал во 2004 година, кога авио-компанијата ги обезбеди правата над стадионот до 2021 година, а нивното име за прв пат се појави на дресовите на Арсенал во сезоната 2006/2007. 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: