Петмина македонски репрезентативци ги завршија борбите на СП во карате

Loading...

Петмина македонски преставници ги завршија настапите на 21-то Светско првенство во карате, кое се одржува во француската престолнина Париз.

Кај дамите, Сара Редическа  во првото коло, во категоријата до 50 килограми, ја победи Сокер од Јужна Африка со 2:0, а потоа со судиско изјаснување загуби во второто коло од претставничката на САД, Волф.
Во конкуренцијата до 55 килограми, Наташа Илиевска со 4:1 е поразена од Конел, од Шкотска. Симона Заборска, во категоријата до 61 килограми забележа пораз од 5:0 во борбата со Русинката Степанова.
Кај мажите, Филип Ѓурчиновски, во категоријата до 60 килограми, најпрвин, во првото коло го победи Тонг од Сингапур со 5:0, за пота, во втората рунда да биде поразен со 3:0 од Кореецот Ли.
Дејан Црничиќ, во категоријата до 67 килограми беше слободен во првото коло, во второто и третото забележа победи над Кореа (Чиле) и Костер (Белгија), а во четвртото коло е поразедн од францускиот репрезентативец Рол.

Макфакс

loading...
Loading...