Ifo-Неочекувано подобрување на деловната клима во Германија

Loading...

Деловната клима во Германија во ноември неочекувано е подобрена, со што е прекинат шестмесечниот период на слабеење на бизнис климата во најсилната европска економија, објави во петокот германскиот институт Ifo.

Индексот на деловна клима, што го изработува Ifo врз основа на истражување спроведено меѓу приближно 7.000 бизнис лидери во Германија, во ноември пораснал на 101,4 поени, од 100 поени во октомври.
Подобрувањето произлегува од благото јакнење на оптимизмот меѓу бизнисмените во поглед  на актуелната состојбо во работењето, а благо се подобрени и нивните очекувања во поглед на блиската иднина и покрај должничката криза во еврозоната.
Индексот на деловната клима ги надмина очекувањата на аналитичарите, кои предвидуваат негов пад на 99,5 отсто.

Макфакс

loading...
Loading...