Камерон е незадоволен од новиот предлог за европскиот буџет

Британскиот премиер Дејвид Камерон изрази во петокот наутро по влегувањето во зградата на Европскиот совет незадоволство од најновиот предлог од повеќегодишната буџетска рамка на Европската унија, кој го изнесе претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј.

„Имаме стварен проблем со недостигот од напредок во преговорите за буџетот. Сега не е време за преместување на парите од еден дел на буџетот во друг, треба да ги намалиме трошоците кои не можеме да си ги дозволи,е. Она што го правиме дома мораме да го направиме и тука“, изјави британскиот премиер Дејвид Камерон по доаѓањето на самитот за европскиот буџет за периодот од 2014 до 2020 година.
Претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј ноќта кон петокот го претстави новиот ткн предлог ФФ за периодот 2014/2020 година од 972 милијарди евра, што е 1,01 отсто од бруто националниот доход во Европската унија. Вкупната сума којашто ван Ромпуј ја предложи остана иста каки во неговиот предлог од минатата седмица, што е за 75 милијарди евра помалку од износот што го предложи Европската комисија, но предложи одредени прераспоредувања на средствата.
Ниту со овој нов предлог  никој не е во целост задоволен, меѓутоа како најголема опасност за постигнувањето консензус, кој е неопходен која се одлучува за буџетската рамка, се смета Велика Британија, чиј премиер има многу мал простор за ескивирање поради притисок во британскиот парламент.
Според неофицијални информации, Германија се обидува да изврши притисок врз Велика Британија со пуштањето во оптек на идејата како да се заобиколи можното британско вето, доколку премиерот Камерон остана на своите цврсти ставови и за драстичното кастрење на европскиот буџет и за задржување на британскиот рабат, еден вид компензација којашто ја плаќаат сите земји членки за да се избегне Велика Британија да плаќа несразмерно голем дел од европскиот буџет.
За повеќегодишната буџетска рамка на ЕУ потребан е согласност од сите земји челни, што значи дека секоја од нив има право да вложи вето.. Неопходна е, исто така, и согласност и од Европскиот парламент. Претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц изјави по завршувањето на првиот дел од самитот дека европските парламентарци нема да прифатат какво и да е кастрење на сумата од најновиот предлог на ван Ромпуј.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: