Бразилка во градник сокри 5 кгр кокаин

Loading...

Млада бразилска двојка од Сао Паоло е уапсенa на меѓународниот аеродромот во Рим кога се обиделе да минат на царина со осум килограми кокаин, соопшти италијанската царина.

Младата жена многу успешно сокрила пет килограми кокаин во градникот, додека нејзиниот партнер на патувањето три килограми кокаин ги сокрил во една футрола. Ова количество кокаин има пазарна вредност од 2,5 милиони евра.

Вниманието на италијанските цариници го привлекло однесување на младата двојка, на 23 и 28 години, коишто меѓусебно разговарале сé до минувањето на царината, кога се оддалечиле како да не се познаваат.

Рекле дека дошле во Италија на туристичка посета. Уапсени се поради меѓународна трговија со дрога и приведени во затворот Читавекија, недалеку од Рим.

Макфакс

loading...
Loading...