Бијонсе и Џеј Зи објавија нови семејни фотографии

Loading...

Познато е дека познатиот музички пар Бијонсе и Џеј Зи љубоморно го чуваат приватниот живот на своето дете, но тие се решија да ги почестат своите фанови со нови фотографиии.

На едната фотографија Бијонсе има тенки плетенки, ја држи својата ќерка во раце и нежно ја бакнува. Ќеркичката носи сина боја, во скалд со своето име, исто како и Бијонсе. 

Другата фотографија е од малата Ајви и нејзиниот татко. Таа е црно бела и сликана на нивниот имот во Калифорнија. Џеј Зи ја држи во раце својата ќерка која е свртена кон објективот.

На овој начин, со овие фотографиии, парот не откри ништо посебно, но сепак ги изненади милионите обожаватели кои чекаат нови фотографии од малата Блу Ајви, која е веќе порасната.

 

loading...