СЗО: Четири нови случаи на инфекција слична на САРС

Новиот вирус од истиот тип како САРС е откриен во септември кога предизвикал и глобална тревога, сега уби две лица во Саудиска Арабија и Катар, па вкупниот број инфицирани нарасна на шест, објави Светската здравствена организација(СЗО).

Агенцијата на Обединетите нации за здравство кон крајот на септември издаде глобално предупредување во кое се вели дека со вирусот што претходно не ги напаѓал луѓето, е инфициран 49 годишен државјанин на Катар. Тој претходно бил во Саудиска Арабија, каде што уште еден маж починал од истиот вирус.
Во петок СЗО објави дека се забележани уште четири случаи и дека еден од новите пациенти умрел.
Новиот вирус познат е и како коронавирус и дели некои симптоми со САРС, тежок акутен респираторен синдром што се појави во Кина во 2002 година и го уби секој десети од 8.000 заболени ширум светот.
Потврдени се симптомите на температура, кашлање и проблеми со дишењето.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: