Каратистите без шанси за медал

Машката карате репрезентација на Македонија, не успеа да избори пласман во репасажот и да се бори за медал на 21-то Светско првенство, кое во недела ќе заврши во Париз.

Каратистите во првото коло ја поразија Јужна Кореа со 3:1, во второто коло, со истиот резултат, беа подобри од Црна Гора, додека во третото коло загубија од Египет со 0:3.
Репрезентацијата на Египет подоцна беше поразена до Франција, со што Македонија остана без шанси да влезе во репасажот.
На Светското првенство, во сабота, на програмата ќе бидат финалните борби во поединечна конкуренција, додека во недела ќе се одржат екипните финалиња.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: