Поплави во Британија, загинаа две лица

Две лица загинаа, а едно се води за исчезнато, во поплавите, кои во југозападниот дел на Британија ги предизвикале дождот и силните ветришта, пишува „Телеграф“.

Ширум Англија и Велс на сила, сеуште е предупредувањето за појава на поплави.
Во последните 24 часа поплавени се повеќе од 300 куќи, железничкиот сообраќај е пореметен, а има извештаи за појави на свлечишта.
Според прогнозите на метеоролозите, во сабота се очекуваат нови врнежи на југоистокот на Англија.
Еден човек, во петокот, починал во својот автомобил, откако останал заробен во него под еден мост во близина на градот Бат, бидејќи спасувачките екипи не стигнале навреме за да го спасат.
Животот го загубил и еден 26-годишник, кој со својот автомобил излетал од патот во Девон, додека еден 91-годишен старец се води за исчезнат, а спасувачките екипи трагаат по него.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: