Природни гради VS. силикони

Loading...

Не е возможно да одредите дали станува збор за силикони ако тиe се добро направени. Освен со допир, постојат уште неколку начини како да разликувате лажни од вистински гради.

 

По нивниот облик:

Тешко е да утврдите каков е обликот на градите кога ќе ги видите спакувани во градник. Меѓутоа, во својата природна положба, вистинските гради имаат мал пад и крушкаст облик, што значи дека тие се поголеми под отколку над пупката. Силиконите имаат потполна кружна форма, а масата насекаде е рамномерно распоредена. Затоа ако видите дека градите изгледаат тркалезно и набабрено, тогаш тие или се затегнати во градник, или се лажни.

 

Складност со телото:

Мајка природа ретко никогаш не дарува слаби девојки со огромни гради. Женските гради најмногу се состојат од маснотии, поради што со здебелување и слабеење се зголемуваат или намалуваат. Во зависност од градите, маснотиите се распоредуваат на различни делови од телото, поради што може да се случи многу слаба девојка да има гради „тројка“, но најчесто тоа е резултат од посетата на пластичен хирург. 

 

Висина:

Просечната оддалеченост помеѓу женските пупки и брадата е околу 25 сантиметри. Во зависност од висината на жената, оваа оддалеченост се зголемува, но ако е драстично мала, тогаш сигурно се работи за силикони.

 

Како тие се поместуваат:

Вистинските гради се мрдаат заедно со жената. Ако таа трча или оди брзо, тие отскокнуваат. Кога лежи тие се спуштаат и се шират на страните. Кога жената ќе се наведне вистинските гради паѓаат надолу. Од друга страна, силиконските не се помрднуваат и во сите ситуации го задржуваат својот кружен облик.

Нивната големина:

 

Вистинските гради никогаш не се сосема еднакви. Една е секогаш помала или поголема од другата. Силиконските имплантанти ги прават градите да изгледаат идентично, исто како кај куклите Барби.

 

Траги од операцијата:

Иако вградувањето на силикони е унапредено последниве неколку години, особено бидејќи се работи за ставање на надворешно тело под кожата, сепак постојат лузни. Тоа се дискретни лузни кои едвај се забележуваат, но сепак постојат. Во зависност од тоа како е извршена операцијата, тие може да се наоѓаат под градите или околу брадавиците.

 

loading...