ПМФЛ: Ренова ја победи Дрита

Екипата на Ренова ја совлада Дрита со 2:0, во првиот натпревар од 16-то коло, во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Ренова до победата стигна со головите на Јанчевски постигнати во првото полувреме (7’ и 41’). Домаќинот натпреварот го заврши со играч помалку, откако Ристов во 85-та минута доби црвен картон.
Останатите натпревари од 16-то коло ќе се одиграат во недела, дерби на колото ќе го одиграат водечките екипи Турново и Вардар.

ПМФЛ, 16.коло:

Тетекс-Силекс

Работнички-Шкендија

Напредок-Пелистер

Брегалница-Металург

Турново-Вардар

Табела: 1. Вардар 31, 2. Турново 30, 3. Шкендија 27, 4. Напредок 26, 5. Металург 24, 6. Дрита (+1) 23, 7. Брегалница 23, 8. Ренова (+1) 20, 9. Работнички 17, 10. Пелистер 15, 11. Силекс 12, 12. Тетекс 6.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: