Гоца Тржан ги продава своите фустани на Фејсбук

Српската пејачка Гоца Тржан реши да ги продава своите износени фустани. Пејачката по се изгледа дека пронајде излез за кризата, па наскоро приходи ќе има и од трговија, а не само од музичката сцена.

 

Извор близок на пријателката изјави: “Гоца почнува со бизнис што ќе се занимава во онлајн продажба. Сите дами на кои им се доаѓа нејзиниот стил, ќе можат по пат на интернет да ги откупуваат нејзините парчиња гардероба. Во понудените парчиња облека ќе се наоѓаат во главно оние работи кои пејачката ги облекла само неколку пати и не планира повторно да ги носи, па за да не и заземаат простор во орманот, таа реши да ги продаде. Тоа се квалитетни парчиња облека, кои сигурно ќе им се најдат на оние кои ќе ги купат од втора рака.”

 

Ова го искоментира и потврди и самата Гоца Тржан: “Јас и моите колешки решивме на фејсбук страната Селебрити аутлет да ги понудиме за продажба оние фустани кои не можеме веќе да ги носиме бидејќи сме премногу пати фотографирани во нив. Цените ќе бидат second hand, и целата работа ќе почне за неколку дена.”

 

Пронајдете не на следниве мрежи: