Болт и Феликс најдобри во 2012 година

Loading...

Јусеин Болт од Јамајка и Алисон феликс од САД се прогласени за најдобри атлетичари во 2012 година, во изборот на Меѓународната атлетска федерација (IAAF).

Болт, оваа година, освои три златни медали на Олимписките игри во Лондон на 100, 200 и на 4×100 метри, со што го повтори успехот од 2008 година остварен на Игрите во Пекинг.
Во последните пет години, Болт, четири пати го добил ова престижно признание.
Феликс, исто така, на Олимписките игри во Лондон, освои три златни медали, таа беше најдобра на трката на 200 метри и штафетите 4×100 и 4×400 метри.
Американката, прв пат во кариерата е прогласена за најдобра на светот, на тронот таа ја наследи Сали Пирсон од Австралија.

Макфакс

loading...
Loading...