Виктор Апостоловски – Не се предавам

“Не се предавам” е насловот на новата песна на Виктор Апостоловски. Темата е автобиографска т.е. во неа се обработува еден мал дел од неговиот живот. Самиот наслов ја кажува пораката во песната.

И оваа песна си доби видео запис, кој ќе имаме прилика да го видиме уште од следната недела во соработка со “Гнасни деца продукција“ од Битола. Тие се негови врсници кои до сега имаат изработено неколку прекрасни дела, работат доста професионално и успешно ја доловија  приказната во оваа песна.

“Живееме во еден свет каде владее само едно правило, а тоа е – ” Каде што има сила, нема правдина”. Затоа оваа песна за мене е посебна, бидејќи не ја раскажува само мојата приказна, туку и приказната на голем број млади луѓе кај нас и во светот”, изјави Виктор.

   

Преземено од TZM

Пронајдете не на следниве мрежи: