Ова ќе ги замени паметните телефони

Паметните телефони станаа дел од секојдневието, па многумина веќе не можат да си замислат да живеат без овие направи. Тие се средство за комуницирање со луѓето, прегледување на интернет-страници, слушање музика, снимање на видеа, фотографирање и ред други нешта. 

Иако се чини дека времето на паметните телефони и таблетите сеуште не го достигнало својот врв и дека она најдоброто допрва треба да дојде, некои веќе размислуваат за наредното големо нешто што доаѓа после ваквите телефони. Дел од новинарите на “Business Insider” смета дека се работи за наочари! 

Тие велат дека со годините, компјутерите стануваат се помали, прво завземале цели соби,п отоа само една работна маса, па дојдоа преносните компјутери, а сега компјутерите ги држиме во една рака. Следниот чекор е да ги носиме компјутерите на себе – во форма на наочари. 

“Business Insider” објави текст за крајот на ерата на паметните телефони откако во јавноста се појавија детали за патентот кој “Microsoft” го пријави уште минатата година и со кој се открива дека оваа компанија планира да развие посебни наочари кои ќе имаат поддршка за проширена реалност. 

Слични наочари претстави и “Google” (иако нивните наочари ја немаат оваа опција), на кои корисниците ќе можат да ги дознаат сите важни информации кои денес се појавуваат на мобилните телефони – ќе можеме да телефонираме, да праќаме пораки, да фотографираме и сл. Сите опции на овие наочари би ги командувале со говор. 

 

Идеални за следење на спортски и музички настани

Патентот на “Microsoft” не е наменет за секојдневна употреба, туку само за посебни пригоди како спортски натпревари и концерти. 

Во самиот патент се спомнува безбол, но проширената реалност би можела да се примени на сите спортови. Тоа веројатно би изгледало како видео игра – над играчите ќе се гледаат нивните имиња, а можеби и некои други информации. 

Со оглед на тоа дека станува збор за патент, сеуште не можеме да бидеме сигурни дека “Microsoft” ќе го смета ова за доволно добра идеја за еден ден навистина да започне да ги продава ваквите наочари. 

Пронајдете не на следниве мрежи: