Трикови за да откриете каков ќе биде во кревет

Сакате да знаете дали оној кому сте му „фрлиле око“ е лош љубовник уште додека ги имате сите алишта на себе? За вас пренесуваме список на показатели кои ќе го „разголат“ уште пред да се соблече – во најраната фаза од врската…Ова е добра прилика и за мажите да проверат дали спаѓаат во оваа категорија и да се обидат да се променат.

 

Многу лошо се бакнува

Еден од првите и речиси најважните показатели дека нема да ве усреќи во кревет е начинот на кој се бакнува. Многумина имале искуство со лошо бакнување, но одлучиле да му дадат шанса. Сепак, искуството на мнозинството жени вели дека без оглед колку е некој убав и згоден ако се бакнува лошо, тогаш е лош и во она што следува. Еден бакнеж може многу да открие, потребно е само да обратите внимание.

Не знае да игра

Немојте да мислите дека ова значи оти мора да биде како професионалните играчи, но внимавајте на тоа како се однесува додека свири некоја заводлива мелодија. Се разбира, не треба од потенцијалниот љубовник да барате да има движења како Џастин Тимберлејк, но важно е како „го фаќа“ ритамот. Еден спор танц може да ви открие каков би бил во кревет. Танцувањето е вертикален сублимат на страст и желбата, па ако по една изиграна песна со него ви се сврти во глава, можеби токму тој е вистинскиот љубовник за вас.

Кога сте со него не се чувствувате сексуално посакувани

Ако во негова близина не можете да ја почувствувате страста и желбата, ако не се однесува добро со вас, ако не ве гледа заводливо, а вие се чувствувате тотално асексуално, тоа ви требало да ви биде доволен показател дека е лош љубовник.

Јаде лакомо и неумесно

Ако јаде како да нема утре, ако ја „шмрка“ супата, ако прави неред по целата маса ни во креветот не е поинаков!

Веднаш ве зграпчува за градите или задникот

Мажите кои за време на првиот бакнеж веднаш преминуваат на градите или на задникот на тој начин ја откриваат својата себичност, па најверојатно се такви и во кревет – мислат само на своето задоволство.

Се фали со своите сексуални достигнувања

Постои нешто полошо од тоа на самиот почеток да почне да зборвуа само за себе, за неговата работа или неговиот автомобил – да се фали со тоа како неговите бивши уживале во сексот со него. Нема ништо полошо од маж кој се расфрла со приказни за своите сексуални потфати и освојувања.

Пронајдете не на следниве мрежи: