Сите 24 сценски грешки од најновото филмско продожение за Џејмс Бонд

Ловците на филмски грешки имаа полни раце работа со најновото филмско остварување за тајниот агент 007 “Skyfall”, притоа издвојувајќи дури 24 грешки.

Во досегашните 23 филмски продолженија за Џејмс Бонд кога би ги броеле досега се пронајдени 1.000 филмски грешки, меѓу кои и грешки направени од самиот почеток на снимањето на овие филмски серијали каде притоа би можеле да ги забележиме сцените кога Бонд носи два пара различни обувки, или пак носејќи наочари за сонце кои потоа во една сцена ги снемува, а потоа веќе во следната повторно ги има.

Но да се навратиме на најновото филмско продолжените во кое главната улога овој пат ја толкува Даниел Крег.

Во една од сцените агентот 007 од Силва (улога на главниот негативец која ја толкува Хавиер Бардем) зема едно радио, кое го става во десниот џеб, за да веќе во следната сцена го вади од левиот.

На самиот почеток Бонд е погоден со куршум во десното рамо, додека подоцна во текот на филмот тој куршумот го вади од левата страна на рамото. Воедно не би ја примтиле ни грешката, секако доколку некој не ви ја потенцира кога Бонд е во посета на Ем, притоа спуштајќи го шишето со пијалок кое на почетокот публиката не е во можност да ја види етикетата, каде потоа во следната сцена публиката има можност да ја види и потоа повторно исчезнува.

Во филмот тајниот агент се вози со метро. Во метрото влегува на станицата Templ, а се симнува на станицата Westminster, додека станицата Embankment, која се наоѓа измеѓу овие две станици е комплетно избришана.

Исто така тука би се надополнила и грешката во сцената кога метрото влегува во изрушена дупка, каде и покрај се светлата остануваат запалени, што не би требало да биде случај бидејќи возот сепак се надополнува со струја преку шините.

Во сцените кои се синмени во Истанбул, на почетокот од филмот, Бонд и неговата соработничка најпрво се удираат во едно “audi”, па потоа во една од тамошните тезги, каде на крајот ватробранското стакло останува целоно неоштетено, за да веќе на следната сцена Бондовиот автомобил го забележиме со комплетно искршено и напукнато ватробранско стакло.

Во една од сцените Бонд се вози низ улицата Vajthol во Лондон, со автобусот број 38, автобуски број кој во реалноста не се наоѓа на возниот распоред од таа улица.

Грешката која исто така би можеле да ја забележите, е во сцената кога Бондовиот непријател Силва на девојката која има споредна улога како проститутка и личност која го води Бонд до главнот негативец и става чаша со виски на нејзината глава полна до врвот, за да веќе во следната сцена чашката е веќе полупразна.

За време на една од сцените исто така црниот автомобил на Бонд е наводно следен од страна на друг автомобил во бела боја. Меѓутоа во следниот агол јасно може да се воочи дека е во прашање црн автомобил, кој веќе повторно во следната сцена повторно мистериозно ја менува црната боја, во бела боја.

Нешто што јасно би можеле да го забележите е и сцената во Националната галерија кога Бонд се состанува со Кју (неговиот нов соработник) притоа седејќи и гледајќи во една од сликите, додека камерата целосната сцена ја доловува отпозади. Кога Кју пристигнува и седнува покрај Бонд јасно може да се забележи растојанието помеѓу двете клупи на кои седат Бонд и Кју, каде и го започнуваат својот разговор, за да веќе во следниот кадар и сцена растојанието помеѓу нив да би потполно исчезне и наместо на две различни тие седат на едната иста клупа заедно.

Кога во една од сцените Бонд нарачува мартини тој го добива истото во комплетно замрзната чапа, за да во следниот агол кој го доловува камерата јасно може да се забележи дека чашата на себе нема ни малку лед.

Исто така помеѓу грешките се вбројува и сцената во која Бонд додека ги брка своите негативци по истамбулскиот пазар неговата кравата од брзината на моторот и ветерот се забележува крената на неговото лево рамо, за да потоа ја видиме комплетно на место иако наведената акција сеуште трае.

Во низата на грешките се наведува и една од најнаивните грешки, во сцените со возот кога еден дел од вагоните се откачуваат од останатите делови на возот и вагонот, со што во реалноста тоа би предизвикало комплетно застанување на возот, но не и во филмот.

И како крајна грешка но сепак може и не конечна се наведуваат и дел од сцените снимени во Шангај. Додека Бонд ја гледа Северина (личноста која му овозможува на Бонд да го види вистинскиот и главен негативец) тој стои покрај комплетно распукан прозор, за да веќе во следната сцена е потполно во ред.

Пронајдете не на следниве мрежи: